Инвестициите се искачија на 170 млн. евра

Bez autora
Feb 17 2011

Странските инвестиции во земјава се искачија до 171,6 милиони евра, заклучно со ноември минатата година, објави вчера Народна банка на Македонија. Од нив на акционерски капитал отпаѓаат 113 милиони евра, но големи се и побарувањата и обврските на странските фирми што работат во земјава и тие заедно изнесуваат 160 милиони евра. Тоа значи дека инвеститорите повеќе зајмувале отколку што вложувале свеж капитал. Само во ноември лани во земјава влегле 38,5 милиони евра странски инвестиции, а во овој месец на акционерски капитал отпаѓа поголем дел од сумата или 34,3 милиони евра. Македонија и натаму мака мачи како да ги намами инвеститорите да дојдат во земјава.

Инвестициите се искачија на 170 млн. евраСтранските инвестиции во земјава се искачија до 171,6 милиони евра, заклучно со ноември минатата година, објави вчера Народна банка на Македонија.

Од нив на акционерски капитал отпаѓаат 113 милиони евра, но големи се и побарувањата и обврските на странските фирми што работат во земјава и тие заедно изнесуваат 160 милиони евра. Тоа значи дека инвеститорите повеќе зајмувале отколку што вложувале свеж капитал.

Само во ноември лани во земјава влегле 38,5 милиони евра странски инвестиции, а во овој месец на акционерски капитал отпаѓа поголем дел од сумата или 34,3 милиони евра. Македонија и натаму мака мачи како да ги намами инвеститорите да дојдат во земјава.

Засега мерките што ги презеде власта не дадоа резултати. Се потпишаа многу меморандуми, ама потоа не дојдоа инвеститорите. Сега повторно постои стравување меѓу експертите дека поради политичките случувања и годинава слаб ќе биде интересот на инвеститорите да ја посетат земјава и да инвестираат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik